Наследството на Џорџ Мајкл ќе го делат семејството и пријателите


Англија- Музичката легенда Џорџ Мајкл ништо не им остави на своите поранешни партнери, а најголем дел од богатството од 98 милиони фунти, како што е веќе познато, им го остави на неговите сестри, татко му и пријателите.

Врз основа на судската документација, која е издадена на 30 мај, имотот на пејачот конечно може да се подели, и тоа три години по неговата смрт.

Седум пријатели и роднини, вклучувајќи и членови на некогашната група „Уем“, пејачката Ширли Кемп и продуцентот Дејвид Остин, се меѓу наследниците на богатството, додека поранешните партнери на Џорџ Мајкл, Кени Гос и Фади Фаваз, нема да добијат ништо.

Џорџ Мајкл и американскиот бизнисмен Кени почнаа врска во 1996 година, која траеше до 2011 година. Пред смртта на пејачот, тие се смирија.

Во 2012 година пејачот почна врска со фризерот Фади, кој го пронајде Џорџ Мајкл мртов. Мајкл почина во 2016 година.

Фади сè уште живее во куќата на Мајкл во Риџент парк во Лондон и одбива да се исели.