Нашата култура е втемелена врз парадоксалното единство Ерос – Танатос: Интервју со д-р Ана Мартиноска од Институтот за македонска литература


Лејла Сабит

-И покрај тоа што македонската културна средина традиционално се смета за патријархална и конзервативна, паралелно постои и еден поинаков однос кон телесноста и сексуалноста во рамките на таа патријархална средина. Понекаде тој наидува на отпор и осуда, но во долапот има и бројни творби во кои сексуалноста се прифаќа како израз на слобода и индивидуален избор кој им пркоси на општествените норми, вели за „Независен“ д-р Ана Мартиноска (Скопје, 1972), професорка и научничка во областа на фолклорот, литературата и културата во Институтот за македонска литература при УКИМ. Поради интерес за еротскиот фолклор во македонската јавност, неодамна, таа го објави изборот „(И)стории од долапот“ (во издание на „Ми-Ан“), 13 години по претходната антологија „Голиот на гости“ .

Какво богатство крие македонската фолклористика, зошто овој феномен од народната традиција не е многу истражуван, зошто Цепенков и Шапкарев се самоцензурирале, кои краеви во Македонија кријат најмногу еротски приказни, песни, гатанки и пословици, во продолжение на интервјуто.

Какви (И)стории крие долапот на народната традиција?

-Долапот на македонската народна традиција крие многу повеќе стории и истории од оние што се општо познати. Тие задираат длабоко во сите сегменти од човековото постоење, вклучувајќи ги и манифестациите на сексуалноста. Ако чепнеме само малку под површината лесно стигнуваме до богатството на еротскиот слој на фолклор. Таму се раскажани реални теми од сексуалниот живот на луѓето како неверноста предизвиканa од брачно незадоволство, одмаздата на измамените мажи и жени, наивноста и неискуството, љубомората и итроштината, зголемените сексуални апетити, нудизмот и хомосексуалноста, како и исмејувањето на одделни возрасни или социјални групи во кои најчести се старците, поповите, царските ќерки и вдовиците. Во таа смисла, и покрај тоа што македонската културна средина традиционално се смета за патријархална и конзервативна, паралелно постои и еден поинаков однос кон телесноста и сексуалноста во рамките на таа патријархална средина. Понекаде тој наидува на отпор и осуда, но во долапот има и бројни творби во кои сексуалноста се прифаќа како израз на слобода и индивидуален избор кој им пркоси на општествените норми.

 Кој е нивниот придонес во македонската фолклористика?

-Фолклорот претставува колективна уметност која во себе ја содржи сета народна мудрост и ги артикулира карактеристиките на нашиот народ низ вековите на своето постоење. Иако во основа тој е субјективен одраз на реалноста, во фолклорот можеме да ги следиме сликите, симболите, па и стереотипите преку кои народот го создавал и потврдувал својот идентитет. Во тој контекст, проучувањето на македонската ars erotica придонесува кон разбирање на сексуалноста како неизоставен дел од тој идентитет. Верувањата, обичаите, приказните, анегдотите, песните и кусите умотворби со еротски мотиви придонесуваат за разбирање на менталитетот, моралот, социјалните, родовите и другите видови на односи суштествени за нашата традиција. Оттука, нашата фолклористика би била нецелосна доколку во неа неизбежно не се вклучат и истражувања на народната еротика.

Зошто овој феномен од народната традиција не е многу истражуван?

-Одговорот на ова прашање лежи во цензурата кон темата на еротиката во фолклорното наследство и нејзиното доживување како забранета или табу тема, која е непристојно и неприкладно да се собира, објавува, истражува. Низ историјата таа подлежела на црковна и државна цензура, но и на подсвесна само-цензура на самите фолклористи. Цепенков признавал дека го мачела совеста и многу се трудел да не ги пишува јавно „гнасните“ зборови, Шапкарев ги испуштал еротските епизоди од приказните, а и денес се уште имаме информатори кои се обидуваат да ја ублажат опсценоста на народните умотворби или бараат да останат анонимни. Таа автоцензура е за нијанса помала кај истражувачите, па во македонската фолклористика постојат сериозни анализи на еротскиот фолклор, особено оние на проф. Кирил Пенушлиски кој 1981 г. во своите Македонски еротски приказни прв ја презентираше ризницата на нашиот еротски фолклор пред пошироката публика. Листата на толкувачи на овие феномени со време станува подолга, но се уште има еротски (и)стории кои чекаат да излезат од долапот.

Како го откривте ова „богатство“ на македонската фолклористика?

-Благодарејќи на сите фолклористи од минатото, но и на неколкумина се уште активни, а за нас скапоцени собирачи на фолклор низ нашата земја. Народните умотворби поместени во антологијава се преземени главно од збирките на Пенушлиски, Величковски и Котев, но и творби „ископани“ од архивите на Миладиновци, Шапкарев, Икономов, Каваев и други. Јас само направив селекција и фолклористичка и родова анализа на она што го сметам за репрезентативен избор од македонската народна еротика.

Колку време го подготвувавте изборот и на кои предизвици наидовте како автор?

-Овој избор се надоврзува на мојата претходна антологија „Голиот на гости (Антологија на македонскиот еротски фолклор)” (Скопје, 2007) и на неколку научни текстови за македонскиот еротски фолклор, што покажува дека оваа тема ме опседнува веќе долго време. Сепак морам да признаам дека овој избор кој се објавува 13 години подоцна е на „барање на публиката“ поради исцрпувањето на тиражот на претходната антологија. Очигледно постои активен интерес за еротскиот фолклор во македонската јавност што се должи на атрактивноста на демонизираната табу тема на сексуалноста, како сеприсутна димензија на човештвото и неговата еволуција, но и како специфика на нашата култура втемелена врз парадоксалното единство Ерос – Танатос.

Кои краеви во Македонија кријат најмногу еротски приказни, песни, гатанки и пословици?

-Еротските умотворби ги има буквално насекаде низ Македонија, сите со свои специфики и разлики, па затоа при составувањето на овој избор ми беше важно да бидат презентирани творби од повеќе краеви, од Прилеп, Охрид и Кочани, па сѐ до Струмица и Злетово. Подеднакво се трудев да бидат застапени и творби од различни извори, собирачи и различни временски периоди на создавање, за да добиеме широка слика која ќе направи и хоризонтален и вертикален пресек на раскошната убавина на еротскиот фолклор.

Препознатлива сте во научната и во пошироката јавност и како автор на културолошки, родови и феминистички теми и колумни. Како го наоѓате балансот со македонскиот фолклор? Дали семејното наследство има влијание?

– Секако. Јас сум дете на скопскиот асфалт и во моето опкружување овие форми на фолклор никогаш не биле жива традиција, но страста за нивно проучување ја наследив од мојот дедо Киро, веќе споменуваниот професор Пенушлиски, кому и му ја посветувам оваа моја книга. Тој навистина беше еден исклучителен човек со отворен ум дури и во десеттата деценија од животот, од кога научив многу за посветеноста кон науката. Покрај тоа, да не заборавиме, народната литература е и моја професионална преокупација веќе 24 години. Притоа мене во академските проучувања секогаш ме интересираа трансформациите и адаптациите на фолклорните творби во современата литература и култура, па јас и не чувствувам дека сум направила некаков посебен трансфер кон културолошките студии , бидејќи и претходно се занимавав со речиси истите теми. И во трудовите во кои се осврнувам на народната и во трудовите за современата култура јас секогаш избирам да ја следам трагата на премолчуваните и маргинализираните теми. Истото важи и за родовите проучувања, подеднакво ме привлекува анализата на женските прашања во фолклорот, поп културата, современата литература или филмот, да речеме.

(Во прилог три еротски приказни од македонската народна традиција)

МОМАТА ШТО CAKAЛA МАЖ CO ДВЕ ЧЕШАЛА

Не­ко­ја мо­ма би­ла од бо­га­та ку­ќа и ед­на у мај­ка и та­тко. Би­деј­ќи ед­на, мо­ма­та би­ла раз­га­ле­на до не­мај­ка­де. Сe што ќе ви­де­ла са­ка­ла да би­де неј­зи­но. Неј­ќе­ла ни­кој во се­ло­то да има не­што што таа не­ма­ла. Де­мек, мо­ма­та би­ла ли­ка и при­ли­ка на ба­тко Гор­ѓи­ја од пес­ни­те, кој са­кал сe што е уба­во да е не­го­во. Таа би­ла до­тол­ку та­ма­ќар што ду­ри неј­ќе­ла да се ма­жи, неј­ќе­ла да има и таа маж ка­ков што има­ле дру­ги же­ни. Пу­шти­ла мо­ма­та глас де­ка ќе се ма­жи са­мо за мом­че што не при­ле­га на дру­ги­те мом­чи­ња и ве­ле­ла:

– Јас ќе се ма­жам са­мо ако нај­дам мом­че со две че­ша­ла!

Та­кво мом­че не­ма­ло и не се чу­ло да има не­ка­де. Мо­ма­та си сто­ја­ла мо­ма, a неј­зи­ни­те дру­гач­ки ве­ќе има­ле де­ца.

Не­кое си­ро­маш­но мом­че од ед­но дру­го се­ло раз­бра­ло за бу­да­ле­сто­то са­ка­ње на момата. Мам­че­то би­ло мно­гу ум­но и скро­ја­ло ма­ри­фет ка­ко да ја зе­ме мо­ма­та и да се кур­ту­ли­са од си­ро­ма­шти­ла­ко.

Си зе­ло мом­че­то ста­по в ра­це и пош­ло кај мо­ма­та. Без мно­гу мр­да­ње, тоа од­ма ѝ рекло:

– Мо­ри, мо­ме, чув де­ка си ба­ра­ла та­ков и та­ков маж. Јас имам два: еден по­го­лем и еден по­мал. Мо­ми­те од мо­е­то се­ло не ме са­ка­ат, па ако ме са­каш ти, да се зе­ми­ме.

– Исти­на, мом­че, имаш два? – го пра­ша­ла мо­ма­та и се изра­ду­ва­ла. – Ако е та­ка, јас сум ка­ил да се зе­ми­ме.

Мом­че­то би­ло лич­но и на мо­ма­та ѝ се бен­ди­са­ло, та на­бр­гу се при­вен­ча­ле. По свадбата, ко­галег­на­ле да спи­јат за­ед­но, мо­а­та ви­де­ла де­ка тој има caмо еден кур. Се на­лу­ти­ла, па го пра­ша­ла:

– Ти, ма­жу, ми ре­че де­ка имаш два, a јас гле­дам са­мо еден. Ка­де ти е дру­ги­от? Me из­ла­жа, а?

– He те из­ла­жав, мо­ри не­ве­сто. Јас имам два, ама ед­ни­от му го да­дов на на­шио поп на­за­ем.

Бу­да­ле­ста­та не­ве­ста по­ве­ру­ва­ла и се сми­ри­ла, би­деј­ќи и со ед­ни­от вр­ши­ле ра­бо­та.

По­ми­на­ло ба­е­ѓи вре­ме и еден ден мом­че­то ки­ни­са­ло по ра­бо­та не­ка­де и та­му оста­на­ло по­ве­ќе дeно­ви. Мла­да­та не­ве­ста оста­на­ла са­ма. Би­деј­ќи не мо­же­ла ве­ќе без маж, на­мис­ли­ла да оди кај по­пот да го ба­ра дру­ги­от кур од неј­зи­ни­от маж. Што на­у­ми­ла – тоа и сто­ри­ла. My пош­ла кај по­пот.

– Мо­ри не­ве­сто, што си се на­ма­чи­ла до ме­не?

– По­пе, пра­во ќе ги ка­жам, ама не лу­ти се. Јас дој­дов да ми го вра­тиш ку­рот што маж ми ти го дал на­за­ем, оти тој не е ту­ка.

По­пот ве­ќе зна­ел ка­ков маж таа ба­ра­ла и се се­тил во што е ра­бо­та­та. Штом и го ви­дел умот на не­ве­ста­та, ѝ ре­кол:

– Не­ве­сто, не­мај гај­ле, што сум зел на­за­ем, чес­но го вра­ќам. Co ма­жа ти та­ков ни бе­ше и збо­рот. Ај­де, лег­ни, па да ти го вра­там.

Си ја свр­ши­ле уба­во ра­бо­тич­ка­та и не­ве­ста­та, са­де ќе­иф си пош­ла до­ма. Ве­чер­та се вра­тил ма­жот. Уште од вра­та же­на­та го под­бра­ла и му под­вик­на­ла:

– A бре, ма­жу, јас те знам итер, ама ти си бил мно­гу бу­да­ла. Ако ве­ќе на по­пот си му годал ед­ни­от кур на­за­ем, зо­што си му го дал по­ар­ни­от?!

 

ГОЛИОТ HA ГОСТИ

Си бил еден мно­гу си­ро­мав мла­дич и одо­што бил си­ро­мав си ки­ни­сал не­ка­де да­ле­ку на пе­чал­ба. Одел, одел и при­кве­че­ри­на го фа­тил си­лен дожд и ви­ју­ли­ци и си ра­кол да по­ба­ра да пре­но­ќи во крај­на­та ку­ќа во не­кое да­леч­но се­ло. По­чу­кал на вра­та­та. На стариот до­ма­ќин, кој из­ле­гол да ви­ди кој чу­ка, му ре­кол:

– Се на­прајв лил­јак, при­ја­те­ле, жи­ти гос под, при­бе­ри ме но­ќва во ку­ќа­ва.

Ста­ри­от му ре­кол:

– Ќе мојш да вле­зиш, ама гол ќе се сле­чиш. Во ва­кво вре­ме ние си­те до­ма, го­ли се сле­кви­ме.

Ви­де­ло, не­ви­де­ло мом­че­то, страм не страм, се слек­ло. Ко влег­ло вна­тре во ода­ја­та гле­да: ста­ри­от гол, две­те снаи – го­ли, крај ог­нот се гре­јат.

– Сед­ни си, греј се – ре­кол ста­ри­от – не стра­ми се, си­те сме го­ли, та­ков е адет кај нас.

Пош­ло крај ог­нот мом­че­то и се топ­лит. Ама по не­кои вре­ме, пу­сти­от, ѓа­вол да го но­си, му се вро­џил, се не­ви­дел. Го ви­дел ста­ри­от и му ре­кол:

– Што, пу­сти­на, бре син­ко, ти се на­ро­џи од топ­ло­то?

На по­ста­ра­та снаа е ре­кол:

– Оди, зеј го мом­че­во во дру­га­на ода­ја, не­ка го на­мек­нит!

Ој­де мом­че­то, неј­се, свр­ши ра­бо­та и пак отиш­ло кај ога­нот да се топ­ли. Ама, млад чо­век, се по­топ­лил и по не­кое вре­ме, пак му се на­ро­џил. Ста­ри­от ре­кол:

– Ај, пу­сти­на­та, пак се вро­џил?

Е ре­кол на пом­ла­да­та сна да ојт со не­го во дру­га­та ода­ја. Свр­ши­ло ра­бо­та мом­че­то и си рек­ло во се­бе: „Ов­де би­ло за иде­ње, пак ќе си дој­да, ко ќе вр­нит дожд.” Прес­пал но­ќта, са­бај­ле­то му и ису­ши­ле али­шта­та и го пу­шти­ле да си адит. По не­кое вре­ме, пак ко­га за­вр­на­ло дожд, на­ве­чер за­чу­ка­ло на вра­та­та кај ста­ри­от мом­че­то,

– Бу­јрум, бу­јрум – ре­кол ста­ри­от. Уште од вра­та мла­ди­чот се сле­кол и тр­чат кај огниште­то. Ама та­му не би­ле сна­и­те, ту­ку си­но­ви­те на ста­ри­от. Се топ­лит мом­че­то крај ог­нот и на по­ста­ри­от син му се вро­џил. Ста­ре­цот ре­кол:

– Ста­ни, мом­че, одај во дру­га­на ода­ја, со си­нов свр­ше­те ра­бо­та!

Пу­сти, шту­ри, мом­че­то, ама из­др­жа­ло не­ка­ко. Уште ед­нуш не му тек­на­ло да дојт во та­ја ку­ќа.

 

ЖЕНАТА, ПОЛЈАКОТ И НЕЈЗИНИОТ МАЖ

Се со­бра­ле во ед­но се­ло да из­би­ра­ат пол­јак. Од се­коа ку­ќа има­ло при­су­тен, но, од ед­на ку­ќа го не­ма­ло до­ма­ќи­но и на не­го­во ме­сто дош­ла не­го­ва­та же­на. Таа си се мр­да­ла со не­кој си та­мо што бо­жем пол­јак ќе би­де. И со не­го таа се здо­го­во­ри­ла утро­то да дој­де кај неа и уба­во да си по­ми­нат a по­тоа тој да си за­ми­не по ра­бо­та.

Куа се вра­ти­ла до­ма, уште ве­чер­та ма­жот ја пра­шал:

– Де, мо­ри же­но, ка­ко го из­би­ра­вте пол­ја­кот? Што ќе му се пла­ча? Кол­ку вре­ме ќе би­де?

– A бре, ма­жу, лес­на бе­ше ра­бо­та­та за ко­ја се по­го­див­ме. Ќе ги ебе на ред си­те ма­жи, па ре­кох­ме би­деј­ќи сам са­ма же­на од се­ло­то да поч­не од кај нас: пр­во од те­бе! И тоа утро­то са­бај­ле­то да би­деш ту­ка.

И ка­ко што би­ло до­го­во­ре­но тај бо­жем пол­јак до­ва­ѓа да го ебе ма­жот, a таа се припреми­ла неа да ја ебе. Ко­га вле­гу­ва тој во дво­рот, таа му ви­ка на ма­жот:

– Скри се! Јас ќе го пре­вр­там и не­ка свр­ши со ме­не ра­бо­та. Са­мо ре­дот да по­ми­не!

Скри­ва го под ед­на ро­го­зи­на. И ку­га вле­гу­ва тај, бо­жем се ка­ра:

– Ка­де ти е ма­жот?

Она го пре­вр­ту­ва ту­ка и поч­ну­ва неа да a ра­бо­ти. A ма­жот е скри­ен под ро­го­зи­на­та, под кре­ве­то. Ед­но вре­ме пол­ја­кот пра­шал:

– Па што ти е, мо­ри не­ве­сто, тоа под ро­го­зи­на­та?

– А, бе, тоа е ку­че­то. Но­гу е ло­шо па сам го ста­ви­ла под ро­го­зи­на­та да не ги ка­са лу­ѓе­то.

Ед­но вре­ме ма­жот поч­нал да ‘ржи од под ро­го­зи­на­та. И ни­што. Сe се свр­ши­ло: си ја изе­бал пол­ја­кот не­ве­ста­та и си оти­шол.

Пос­ле тоа ви­ка ма­жот на сво­ја­та же­на:

– Мо­ри же­но, е па ка­ко ти тек­на да се снај­деш да ка­жеш ку­че­то е?

Таа му од­го­ва­ра:

– Мо­зок, ма­жу, мо­зок!

A пак ви­ка она се­га:

– Ма­жу, па ка­ко ти тек­на ти па да ‘ржиш на но­сот?

Он от­там:

– Мо­зок, же­но, мо­зок!