Наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност: предавање на Ковачевски во Виена

Ковачевски потенцираше дека со јасни стратегии Владата управува со европските фондови. Потврда за тоа, како што истакна премиерот е фактот што Владата предводена од СДСМ во период од 2017 до 2022 година има склучено 2.363 договори со финансиска поддршка од Европската Унија, делумно со национално кофинансирање.
„Наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност. Во услови на криза, успеавме да придонесеме за зголемување на интересот за инвестиции во обновливи извори на енергија. За нешто повеќе од година дена, заклучно со 31 март 2023 – инсталиран е над 191 MW вкупен капацитет од обновливи извори.
За петнаесет месеци Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги има издадено лиценци за 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Со ова може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет македонски градови односно 76 000 македонски домаќинства”, рече Ковачевски.
Премиерот истакна дека Северна Македонија во секторот енергетика предничи во регионот. Со енергетско-економскиот развој на земјата, Владата не запре ниту во време на кризата.
Ковачевски додаде дека приоритет на Владата е енергетската транзиција и енергетската независност.
Со тоа што Северна Македонија е регионален лидер во енергетската транзиција, има огромен потенцијал да стане зелен енергетски центар.