Насер Зибери на Фејсбук објави дека не бил позитивен на Ковид-19


Откако веста дека е позитивен на корона вирусот беше објавена во јавноста, Насер Зибери по три часа молчење одговори на својот Фејсбук профил, тврдејќи дека тој немал Ковид-19 и дека целата работа била „злонамерна пропаганда“. Инаку, информацијата за инфекцијата на кандидатот за премиер на ДУИ ја потврдија од партијата за неколку медиуми.

Еве го неговиот статус на Фејсбук:

„Почитувани. Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користете вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што не ве вреднува. Јас не сум позитивен во Ковид-19 и утре во 10 часот ќе го искористам своето право на глас и ве повикувам сите да гласате и да не станете жртви на злонамерна пропаганда. Им посакувам здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени“.