Народна банка објави едукативно видео за теми од доменот на финансиите


Фото: Б. Грданоски

Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“. Видеото е изработено со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Како што соопшти Народната банка, овој серијал е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите кои ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.

 Видеото е достапно на следниот линк: Барање за кредит за населението. Што треба да знаете кога аплицирате за кредит?