Наредните денови топло и до 34 степени, од понеделник пороен дожд и грмежи


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на многу топла воздушна маса, во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури кои се над просекот за овој период од годината.

Максималните температури ќе достигнат до 34 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Кон крајот на оваа и почетокот на наредната седмица во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.