Наредните денови план за градинките


За работата на градинките разговаравме на Комисијата за заразни болести и за тоа се уште траат консултациите во рамки на нивната експертска група, ќе ги контактираме и самите градинки, за да се изработи посебен протокол, истакна министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција.

Свесни сме, посочи министерот, дека е навистина тешко и голем предизвик, заради тоа што децата нормално дека се во ризик практично да бидат трансмисија на болеста, многу тешко таму некои правила може да се одржуваат.

– Сакаме да донесеме еден план што навистина ќе може да се спроведе, посебно што градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа. Во наредните денови кога планот ќе биде готов ќе дадеме повеќе информации за тоа кога и на кој начин градинките ќе почнат да работат, додаде Филипче.