Наредните денови многу топло време, УВ индексот ќе биде 9


Фото: Б. Грданоски

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе има чувство дека температурата на воздухот е повисока, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури ќе се движат од 11 до 22 степени, а максималните ќе достигнат до 39 степени. УВ индексот ќе биде 9.

И покрај топлото време, од УХМР посочуваат дека претежно во попладневните и вечерните часови поради влијание на циклонска активност од исток ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и услови за појава на краткотрајно невреме.