Напролет Венеција на туристите ќе им наплаќа влез


Венеција планира да воведе билети од пет евра за дневни патници следната година со цел да се обиде да управува со пристигнувањето на туристите, објави градскиот совет.

Билетот ќе се воведе пробно 30 дена, а фокусот ќе биде главно на пролетните одмори и летните викенди, кога бројот на туристи е на врвот.

Сите посетители над 14 години би го платиле.

„Целта беше да се најде „нова рамнотежа меѓу правата на оние кои живеат, студираат или работат во Венеција и оние кои го посетуваат градот“, рече советникот за туризам на градот Симоне Вентурини.

Планот, првпат претставен во 2019 година, најпрво беше одложен поради Ковид-19 оддалечување на туристите, а подоцна и поради технички и процедурални причини.

Во меѓувреме, посетителите навалија во Венеција, а странците често се побројни од 50.000 жители во самиот центар на градот.

Прекумерниот туризам долго време е проблем за кревкиот заливски град. Експертите на УНЕСКО во јули препорачаа Венеција и нејзината лагуна да бидат додадени на листата на загрозено светско наследство и тврдат дека Италија не прави доволно за да го заштити градот од ефектите на климатските промени и масовниот туризам.