Направен тест за крона вирус по примерот на тој за бременост


 

Италијански научници направија едноставен тест за контрола на инфекцијата со корона вирус кој се заснова на анализа на плунка и дава резултат за 3 до 6 минути да знаете дали сте или не сте заразени.

Принципот е сличен на тестот кој се користи за утврдување на бременост. Примерок од плунка се меша со реагенс и една линија значи дека сте негативни, а две – позитивни.

На оваа идеја дошле научниците од Универзитетот Инсубрија.

Тестот е многу важен за таканаречената Фаза 2 кога ќе биде неопходно брзо и едноставно контролирање на голем број луѓе, како они кои работат во фабрика, во болници или кога и да е ако сте во ситуација да контролирате дали луѓето с епозитивни на ковид-19.

Во споредба со серолошките тестови базирани на наод од крв, овој тест е високо доверлив, но за да добие лиценца за широка употреба потребно е многу време.

Но, во случај лекари да го прават тестирањето на луѓето, одобение за употреба може да се добие за 15 дена.