Направен тест што го открива вирусот пред човекот да стане заразен


Научниците кои работат за американската војска дизајнираа нов тест за ковид-19 кој потенцијално може да идентификува позитивни пред а станат заразни.

Доколку Агенцијата за лекови и набавка го дозволат неговот користење, производството може да почне во средината на мај.

Координаторите на проектот се надеваат дека со овој тест ќе биде можно откривање присуство на вирусот четири ден порадно од до сега.

Гардијан пишува дека новите тестови може да имаат значајна улога во спречувањето на ширењето на вирусот со оглед на тоа дека го идентификуваат вирусот пред заразеното лице добие симптоми и пред да стане преносник на заразата.

Тестот настанам предходно за проектот на Воената агенција за напредни истражувачки студии во областа на одбраната (DARPA) кој имач за цел брза дијагноза на хемиско труење и зарази во воени услови.

Откако изби епидемијата проектот бил итно пренаменет за изработка на тествои за кодив-19.

За седум дена се очекува одобрени од Агенцијата за храна и лекови (FDA) за итна употреба на овие тестови.

„Концептот го пополнува дијагностичкиот јаз ширум светот и доколку биде одобрен може во потполност да ја смени играта“, вели шефот на DARPA за биолошка технологија доктор Бред Рингејзен.

Ако биде одобрен со производство во САД може да се почне во средината на мај, а од DARPA велат дека се расположени да фо поделат со сите кои сакаат да го имплементираат во други држави.

Истражувањето покажа дека овој тест е со точност од 95 отсто. Проблем со постоечките тестови за корона вирус е што не можат да ја утврдат инфекцијата на почетокот.

„Тие ја завршуваат работата, но не можат да ви кажат дали некој е болен можеби и четири дена пред да биде тестиран“, вели еден од докторите кои работат на развој на новиот тест.

Во прашање се тестови на примерок од крв, а не брис од нос, а од DARPA велат дека тоа е потежок начин, но поверодостоен.