Напиток за чистење на црниот дроб: Три состојки ги бришат сите токсини од организмот


Природни лекови за чистење на црниот дроб од токсини – пијалок од лимон и целер и алкохолна тинктура од цимет, глуварче и ѓумбир.
Мрсната храна, алкохолот, но и некои лекови може да го оптоварат црниот дроб, треба да се помогне со менување на навиките за живот. Дури и парацетамолот може да биде хепатотоксичен доколку се користи долгорочно, како и лекови од групата на цитостатици.

За да се исчисти црниот дроб, се советува еднаш годишно да се нанесува природен лек со користење на здрави напитоци.

Потребни ви се три лимони, по можност органски, а доколку не можете да ги набавите, задолжително излупете ги. Убаво изблендирајте ги во блендер со пет стебленца целер и една китка магдонос. Кога масата е ситно исецкана, додадете шест лажици вода и оставете го напитокот во фрижидер.

Вака чувано може да стои три дена, а се користи два пати на ден. Треба да се користи секој пат половина час пред оброк.

Одлична тинктура се прави од корен од глуварче, кој се купува како чај. На две полни лажици од овој корен, треба да додадете и две лажици свеж ѓумбир исечкан на мали коцки, како и две мали стапчиња цимет.

Измешајте го ова во тегла, па прелијте го со 70 отсто алкохол, така што сите состојки се заситени. Најдобро е теглата да остане темна или да ја завиткате во фолија. Смесата треба да се чува на собна температура, но на темно место. По 40 дена процедете ја и добиената тинктура истурете ја во шише со капалка.

Тинктурата за чистење на црниот дроб треба да се користи половина час пред ручек и половина час пред вечера, во доза од 20 капки. Третманот треба да се практикува само еднаш годишно. Оваа тинктура не треба да ја земаат деца, трудници и доилки.