Напаѓачот од Лион и се заколнал на верност на ИД

Осомничениот извршител на петочниот напад со пакет – бомба во Лион, при што беа повредени 13 лица, во текот на распитот и признал на полицијата дека и се заколнал на верност на џихадистичката група Исламска држава.

Напаѓачот, идентификуван како 24-годишниот Мохамед М. по потекло од Алжир, од понеделникот се наоѓа во притвор, заедно со неговите родители и помладиот брат.

Според извор близок до истрагата, тој признал дека самиот ја изработил бомбата, што потоа ја поставил пред една пекарница недалеку од станицата во Лион.

Тој на истражните органи им објаснил дека сакал да ги поттикне Французите на неделните европски извори да гласаат за популистичките и расистичките партии, со цел да предизвика револт меѓу муслиманите.

Мохамед се претставил како студент по информатика, но Факултетот на кој тврдел дека студира, соопшти дека таму не било запишано лице со такво име.