Напаѓачот на Ружди е изненаден дека славниот автор преживеал


 

САД- Човекот обвинет за прободување на Салман Ружди на сцената за предавање во западен Њујорк, во интервју изјави дека бил изненаден кога дознал дека успешниот автор го преживеал нападот.

Зборувајќи за Њујорк Пост од затвор, Хади Матар рече дека решил да се види со Ружди во институцијата Чаутауква, откако минатата зима видел твит за планираниот  настап на писателот.

„Не ми се допаѓа личноста. Мислам дека не е многу добра личност“, изјави Матар за весникот. „Тој е некој што го нападна исламот. Тој ги нападна нивните верувања, системите на верување“.

Матар (24) рече дека го сметал починатиот ирански водач, ајатолахот Рухолах Хомеини за „голема личност“, но не сакаше да каже дали ја следи фатвата или указот, издаден од Хомеини во Иран во 1989 година, кој повикуваше на смрт на Ружди откако авторот објави „ Сатанските стихови“.

Иран негираше вмешаност во нападот. Матар, кој живее во Фервју, Њу Џерси, рече дека немал никаков контакт со иранската Револуционерна гарда. Тој изјави за Пост дека прочитал само „неколку страници“ од „Сатански стихови“.

Ружди (75) се здобил со оштетен црн дроб и отсечени нерви на раката и окото, според неговиот агент, во нападот во петокот. Неговиот агент Ендрју Вајли изјави дека неговата состојба е подобрена и дека е на пат кон закрепнување.

Матар, кој е обвинет за обид за убиство и напад, изјави за Пост дека отишол со автобус до Бафало еден ден пред нападот, а потоа со Lyft до Chautauqua, околу 64 километри.

Тој купил пропусница до просториите на институцијата Чаутаука, а потоа спиел на тревата ноќта пред планираниот разговор на Ружди.

Матар е роден во САД. но има двојно државјанство во Либан, каде што се родени неговите родители. Неговата мајка им кажа на новинарите во интервјуата дека Матар се вратил сменет од посетата за да го види својот татко во Либан во 2018 година. После тоа, тој станал нерасположен и се повлекол од семејството, рече таа. (АП)