Намалено производството на вотка во Русија


Производството на вотка во Русија падна за 5,7 отсто во првите 10 месеци, на 63,2 милиони декалитри (10 литри), објави рускиот регулатор за алкохол и тутун.

Како што пренесува Комерсант, во истиот период производството на коњак паднало за 4,9 отсто на 6,8 милиони декалитри, а производството на пијалоци со ниска содржина на алкохол е зголемено за 16,4 отсто на 17,8 милиони декалитри.

Во споредба со првите 10 месеци од 2022 година, пад на производството на сите видови вино и шампањ и ликери.

Рускиот пазар на алкохол, по „повеќенасочните трендови“ во 2022 година, сега влегува во фаза на стабилизација и се враќа на нивото од 2021 година, според рускиот регулатор.