Намалени паричните награди за победниците на УС Опен

САД – Победниците во машка и женска конкуренција во синглови на претстојниот УС Опен во Њујорк ќе добијат 850.000 долари помалку парични награди во споредба со лани. Ова намалување се должи на пандемијата на коронавирус, соопштија организаторите на турнирот, пренесува „ESPN“.

Вкупниот награден фонд на американскиот тениски Грен слемот во 2020 година, што ќе се одржи без гледачи од 31 август до 13 септември, ќе биде 53,4 милиони.

Победниците во сингл ќе добијат по три милиони долари.

Американската тениска федерација, исто така, донесе одлука да издвои 7,6 милиони долари за да ги обесштети играчите кои се соочуваат со финансиски проблеми како резултат на тековната криза.