Намалена затворската казна на возачот што ја прегази Фросина

За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, јавува Телма.
Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил тригодишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од едногодишна забрана за управување со моторни возила.

Фросина Цековска загина на лице место кога Видојковиќ ја удри на пешачкиот премин кај Универзална. Возачот не застанал по кобниот удар. Беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и неукажување на помош, а при прегледот му се најдени 1,2 промили алкохол во крвта.

Кривичниот суд еднаш му пресуди и го осуди на 6 и пол години затвор, но Апелација го врати процесот назад и ја поништи пресудата.