Намалена видливост во Кичево и на Пресека и Ѓавато поради магла


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, поради појава на магла, видливоста во Кичево и на планинските премин Пресека и Ѓавато е намалена на 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.