Намален водостојот на Преспанското и Охридското Езеро


Водостојот на Преспанското Езеро е намален за еден сантиметар, а на Охридското за два сантиметра, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Само кај Дојранското Езеро водостојот е повисок од просечниот и тоа за 2,87 метри, а кај останатите две природни езера во земава е понизок од просекот за септември и тоа за 85 сантиметри кај Преспанското и за 5 сантиметри кај Охридското Езеро.

За разлика од езерата, најголем дел од реките во земјава имаат повисок водостој од повеќегодишниот просек за овој месец.