Намален бројот на ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

Фото: Б.Грданоски

Во домовите и интернатите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во минатата учебна 2019/2020 година биле сместени вкупно 5727 ученици и студенти, што е помалку за 4.5 проценти во однос на претходната 2018/2019 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска, во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта во 2019/2020 биле сместени 192 ученика.

-Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови, соопшти ДЗС.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.