Намален бројот на туристи во мај


Фото: Б. Грданоски

Во мај годинава во земјава се евидентирани 98.998 туристи кои оствариле 205.356 ноќевања, покажуваат податоците на Држваниот авод за статистика.

Бројот на туристите во мај 2019 година во однос на истиот месец лани е намален за 4,8 отсто, а бројот на ноќевањата за 2,8 отсто.

Бројот на домашните туристи е намален за 4,1 отсто, а на странските за 5,2 проценти.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2019 година, во однос на мај 2018, е намален за 11,7 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1 отсто.

Во периодот јануари – мај 2019 година, пак, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 0,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 2,6 отсто, додека кај странските има намалување за 1 процент.

Бројот на ноќевањата е намален за 0,3 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 0,4 отсто, а кај странските за 0,2 проценти.