Намален бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата периодот јануари – август 2026 во однос на истиот период лани е намален за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Во август годинава, пак, споредено со август 2025-та, бројот на работниците во индустријата е намален за 3,0 отсто.
Во секторот Рударство и вадење камен бројот на работниците се намалил за 8,0 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,8 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизацијасе се зголемил за 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците се намалил во групите Енергија за 2,3 отсто, Капитални производи за 2,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 2,1 отсто.