Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22,2 отсто, во приградскиот превоз е намален за 13,1 отсто, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6,6 отсто, а во меѓународниот превоз е намален за 32,6 отсто.
Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12,0 отсто. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 8,6 отсто, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14,2 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27,7 отсто.