Намален бројот на осудени и обвинети, а зголемен на пријавени лица во 2018 година


Лани во споредба со 2017 година бројот на осудените полнолетни лица е намален за 6,6 отсто, а на обвинетите лица е намален за 8,1 отсто, информираат од Државниот завод за статистика.

Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела во 2018 година пак е намален за 4,15 отсто во споредба со 2017 година.

Минатата година во споредба со 2017-та, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 10,3 отсто.

За  9,5 отсто, како што информираат од ДЗС, е зголемен бројот на пријавени полнолетни лица – познати сторители на кривични дела во 2018-та споредено со 2017 година.