Највкусниот рецепт за сарма


Од кисела зелка се прават најпознатите специјалитети како сарма и подварoк. Нема човек што не сака да ги јаде, а најчесто се подготвуваат во зима и се прават од домашна зелка. Ви предлагаме да го пробате овој рецепт за највкусните сарми досега, а тајната е во меленото месо да додадете бело вино и сланина, што му дава посебен шмек.

Состојки:

1 главица кисела зелка
800 гр мелено месо
200 гр сланина
200 гр ориз
1 кромид
1,5 лажички мелена пиперка
1 чаша бело вино
малку ким, ловоров лист
сушено месо

Подготовка:

Чекор 1
Подгответе го месото
На малку масло во тавче пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете ја сечканата сланина. Кога ќе стане крцкаво додадете го меленото месо и оризот што сте го измиле. Пржете додека се е готово, па тргнете го од шпоретот.

Чекор 2
Направете ги сармите
Измешајте ја слатката пиперка со вода во чаша, не треба да има грутки. Добиената смеса истурете ја на дното од тавата и одозгора ставете 2 цели листови кисела зелка кои претходно сте ги измиле. На ист начин измијте ги и другите листови, па исечете го коренот. Прелијте ја смесата со меленото месо, па завиткајте ја сармата така што прво малку ќе ја свиткате по должина.

Чекор 3
Гответе ја сармата
Кога ќе го наредите првиот ред сарми, налејте бело вино, па продолжете со редењето. Во средината ставете го сувото месо. Покријте со малку вода и додадете малку ким и ловоров лист. По потреба додадете уште малку вода за време на готвењето. Гответе околу 4-5 часа.