Најтемниот град во светот: Џиновските огледала се нивното Сонце

Рјукан е град во округот Телемарк во јужна Норвешка, познат како едно од најтемните места во светот. Поради високите планини што го опкружуваат, повеќе од 3.300 жители на градот не гледаат директна сончева светлина шест месеци во годината.
Жителите на Рјукан живеат во темнина: појадуваат, ручаат и вечераат, а под истата покривка на темнината одат на училиште, работат, пазаруваат и спортуваат. Полутемнината им е секојдневен придружник половина година.
Затоа локалните власти инвестираа пет милиони норешки круни во 2013 година за да постават соларни огледала на планините кои рефлектираат мал дел од сончевата светлина на главниот градски плоштад дури и во најтемните месеци од годината. Така, со помош на огромни огледала, ова мало гратче за прв пат во својата историја уживаше во есенското сонце.
Жителите на Рјукан се навикнати да не ги гледаат сончевите зраци од септември до март. Но, од 2013 година, тоа се промени. Со помош на џиновски огледала, поставени на врвот на ридот, од неколку страни, центарот на местото, кој се наоѓа во регионот Телемарк, е осветлен со природна светлина.
Идејата за ова постоела пред 100 години, но наместо сонце, на жителите на Рјукан им била направена жичара. Локалните жители се качувале на врвот на ридот за да фатат малку сонце.
Неколку големи огледала се поставени на околу 450 метри над градот во долината, а нивната „задача“ е да го следат движењето на Сонцето и соодветно да се движат, со помош на механизам. Огледалата се контролирани од компјутери.
Огледалата фрлаат сончева светлина право во центарот на градот. Целиот проект чинеше околу 600.000 евра. Инаку, слично нешто беше направено седум години претходно во еден италијански град, кој има иста позиција како овој норвешки.
Долги години, овој град е интересна локација за посета поради водопадот Рјукан висок 104 метри кој се наоѓа во близина.