Најтажната олимписка приказна заврши: Извршена еутаназија врз параолимпијката Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт.

Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката со инвалидски колички на 100 метри, а сребра на 200 метри во 2012 и на 400 метри во Рио 2016 година, не можеше да ги издржи болките кои ги имаше од болеста на мускулите, имаше постојани напади и несоница.

Таа уште во 2008 година поднесе барање за еутаназија, која е легализирана во нејзината родна Белгија. Во службената белешка пред да биде извршена еутаназијата, се наведува дека Вервост ја исполнила својата последна желба.