Најстудено во Берово, минус пет степени


Фото: Б. Грданоски

Најстудено угрово е во Берово каде што се измерени минус пет Целзиусови степени. Три степени под нулата е во Битола, минус два во Тетово, а минус еден во Скопје.

Највисока утринска температура има во Дојран со шест и во Крушево пет степени.

УХМР за денеска најавува сончево и тивко време. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне магливо, а од пладневните часови сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.