Најстудено утрово во Скопје, локален дожд попладне и во текот на ноќта


Во Скопје утрово (мерна станица Петровец) се измерени -3 степени. Како што информира УХМР, минусни температури се измерени и во  Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови и Попова Шапка (-2 степена)  и во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци и Лазарополе (-1 степен).

Нула степени утрово се измерени во Прилеп, Струмица, Штип и Крушево, 2 во Виница, 3 во Охрид и Гевгелија и  4 степени во Претор.

Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен по должина на Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.