Најсреќниот човек на светот: Преживеа две несреќи, пад од авион, па доби на лото


Кога на Гугл ќе впишете „најсреќниот човек на светот“, ќе ви го сугерира името на Фране Селак, човек од Хрватска со неверојатна животна приказна.

Фране е роден 1929 година во Дубровник, а стана познат по тоа што повеќепати избегнал смрт.

Како учител по музичка култура често менувал градови во кои работел, па така работел во Модриќи во Босна и Херцеговина. На излет во Оџак 1957 година се случила несреќа: во автобусот останале само тој и возачот и испиле малку ракија. На еден завој автобусот продолжил право, иако шоферот го вртел воланот десно. Ја пробиле оградата и паднале во реката Бона, која таму била плитка, па не се удавиле. Немал никакви поголеми повреди.

Следната година патувал со воз Сараево – Дубровник. Голема карпа поради невреме паднала на шините и возот излегол од нив и паднал во студената река Неретва. Фране успеал да ја извлече својата сопруга и себеси од вагонот, а од водата ги извлекле мештаните од селото Грабовица каде се случила несреќата. Загинале 17 патници.

Но, тука не е крајот на несреќите за Фране.

Кога мајка му тешко се разболела во Риека 1962 година, тој работел во Дарувар и одлучил со авион од Загреб да ја посети мајка му. Седел покрај вратата за излез во случај на нужда на опашката од авионот.

Тука ја запознал стјуардесата Розикасо која станувајќи разговарал. Авионот одненадеж се забил во карпа.

„Одеднаш се разбудив во болница во шок-соба. Во весниците прочитав дека авионот удрил во карпа, а падот од 800 метри височина го преживеамве само Розика и јас, додека 20 патници и членови на посадата беа мртви. Јас, имено, сум паднал во пласт сено“, вели Фране.

Потоа уште неколку пати имал сообраќајни несреќи. Со својата „лада“ најпрво речиси изгорел, а потоа автомобилот експлодирал, а кога се возел по кривините кон Карлобаг, му се препречила приколка на возило на УНПРОФОР. Автомобилот летал во провалија, а Фране останал фатен на дрво додека паѓал.

Имал среќа и на лото. Во 2002 година седел пред телевизорот и чекал извлекување на броевите. Кога хостесата го прочитала и последниот број Фране почнал да слави седумка и добил речиси 7 милиони куни (околу 100.000 ерва). Купил куќа во Петриња и покрај неа изградил мала капела.

А, потоа почнале да му ѕвонат луѓе кои немале ништо, па на пријателите и на роднините им купил вкупно 25 автомобили.

„Мислам дека бил многу посреќен пред да ги добие тие пари“, вели новинарот Сенад Пешиќ, кој го направил последното интервју со Фране.

Сепак, почина на 87 години, а многумина сметаат дека за овој најреќен или најнесреќен човек на светот, треба да се сними филм.