Најспектакуларна турнеја досега: Како Северина вежба за ‘The Magic Tour’


Хрватска- Регионалната ѕвезда Северина (47) и 18 танцувачи секојдневно ја вежбаат кореографијата за да ја одушеват публиката во регионот.

До почеток на најголемата и најспектакуларна турнеја на Севе досега, насловена ‘The Magic Tour’, остана малку повеќе од еден месец. Дури 100 души се вклучени во организацијата за да овозможат ноќ за паметење во секој град од турнејата.

Едно од највпечатливите моменти на концертот ќе бидат танцувачките кореографии во кои учествуваат танцувачи од целиот регион, избрани по пат на аудиција, на која се пријавиле над 100 кандидати. На вежбите учествува и поп-ѕвездата, како и на минатата турнеја ‘Dobrodošao u klub’ . Северина тогаш доби одлични критики за своите танцувачки способности.

Матиц Задравец е главниот кореограф на турнејата.

-Во следниот месец не очекуваат напорни вежби, болки во мускулите, многу пот, но на крајот и магични концерти. Очекувајте изненадувања, изјави Задравец.

На сцената во рамките на турнејата ќе бидат и 15 музичари и симфониски оркестар, со најнова видео продукција и костимографија, што ќе претставува уметност на повеќе нивоа. Турнејата започнува на 16 ноември во родниот град на Северина- Сплит, па продолжува во Белград на 23 ноември, во Загреб- на 7 декември, и во Љубљана на 21 декември. (Gloria.hr)