Најславниот фустан се враќа во вид на патики: Среќен роденден Џеј Ло!


САД- Модната куќа „Версаче“ и подготви најдобар роденденски подарок на пејачката и актерка Џенифер Лопез. За нејзиниот 50.роденден на 24 јули, и смисли лимитирана колекција на патики исти како нејзиниот најпознат моден изглед кој влезе во историјата на модата.

Дизајнот е омаж на култната тоалета со лисја кој Џеј Ло го носеше на доделувањето на наградите Греми во 2000 година.

Патиките „”Chain Reaction”  ќе бидат во слична зелена нијанса и со дебел ѓон. Ќе се продаваат во продавниците на „Концепт“ во Њујорк и во Бостон од 1075 долари.

Свилениот фустан деколтиран до папокот и го смени животот, а таа изјави дека се одлучила за него во последен момент.