Најскапиот градник без промоција: Откажана ревијата на „Викторијас сикрет“


САД– Најскапата модна ревија на светот со најскапите манекенки, на брендот за долна облека „Викторијас сикрет“ нема да се одржи оваа година во Њујорк, е веста која шокираше милиони луѓе кои одвај чекаа да ги видат секси ангелите со крилја како одат на пистата.

„Викторијас сикрет“своето деби со шоуто го направи во 2001 година поставувајќи го како една од најубавите ревии, од кои непроменливи делови беа и актуелните музички ѕвезди.

Светското шоу се прикажува на телевизија повеќе од две децении, со тоа што шоуто во 2018 година го следеа 3,3 милиони гледачи на малите екрани.

Според „Њујорк тајмс“, извршниот директор на компанијата „Викторијас сикрет“ потврдил дека модниот гигант подготвува и воведува некои новитети.

Секоја година беше престиж која манекенка ќе го носи најскапиот градник на светот од дијаманти кој се проценуваше од 1 до 3 милиони долари.

Ангелите на Викторија ги прекинаа вежбите за ревијата. Меѓу нив и Адријана Лима, Беати Принслу, Кендис Сванепол, Џезмин Тукс, Џозефин Скривер, Сара Сампајо, Тејлор Хил, Бела и Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Вини Харлоу…