Најскапиот автопат на море во Реунион се уште се гради


Новиот крајбрежен пат што се гради во Реунион влезе во историјата како најскап автопат што се гради или бил изграден во светот. Тој е во изградба од крајот на 2013 година и ги поврзува крајбрежните градови Сен Дени и Ла Посесион. Овој пат е многу специфичен бидејќи буклавло е изграден на море. Патот e долг 12,5 километри и вклучува вијадукт од 5,4 километри кој се наоѓа на 70 метри од брегот и 20-30 метри над океанот.

Носен од множество вијадукти и насипи, овој пат изваден од морето од десетина километри на крајот ќе го поврзе Сен Дени со Ла Посесион со замена на сегашниот крајбрежен пат, кој е премногу изложен на бранови, поплави, одрони на камења  и  бури. Овој проект покренува многу технички, еколошки и финансиски проблеми, поради што неговата изградба, што почна во 2013 година, постојано се продолонгира, така што последен рок за завршување сега е 2023 година, иако беше планирано да заврши во 2018 година.  

NRL RNL nouvelle route littorale rout pile grands ouvrages grand ouvrage viaduc 5 400 drone en mer New coastal road grand projet pont digue digues

Трошоците за проектот беа проектирани на 1,6 милијарди евра  или 130 милиони евра по километар, во споредба со 6 милиони потребни во просек за еден километар автопат во селата. Таа сума далеку е надмината и најверојатно ќе достигне 2,44 милијарди долари..