Најскапа држава во Европа: Зошто Исланд е толку скап?


Цените на Исланд во просек се 56 отсто повисоки отколку во остатокот од Европа, што таа островска држава ја прави најскапа земја на Стариот континент.

Кога е во прашање регионот, најскапа е Хрватска, па следи Словенија на 19 мести, Црна Гора на 30…

Според последните податоци од Евростат, на листата по Исланд се Швајцарија, Норвешка и Данска.

На Исланд живеат 355.000 луѓе, а како причина за високите цени на овој остров се наведува зависноста на земјата пд увозот, како и високите даноци на алкохол.

Уште еден виновник за високите цени на Исланд се и високите осцилации на исландската круна во 2016 и 2017 година.

Иако трошоците за живот може да бидат шок за туристите, Исланѓаните во просек добро живеат, а лани просечната плата им била повеќе од 4.000 евра.

„Исланд е многу мал. Тешко е да се спореди економијата на толку мала држава со онаа во земји сто пати поголеми од неа“, вели Конрад Гудјонсон, главен економист во Стопанската комора на Исланд.

Сепак, предвидувањата на централната банка не се позитивни.

Се предвидува дека економијата на островот ќе се намали за 0,4 отсто оваа година, што би бил прв пад во последната деценија.

Како причина за лошите вести се наведува падот на туристичките посети, предизвикан од пропаѓањето на нискобуџетниот авиопревозник Вау ер.

Негативните прогнози се поттикнати и од веста за раст на инфлацијата, која достигна 3,1 во првиот квартал од 2019 година, со што значително е намалена куповната моќ.

Добра вест е што заканувачката рецесија треба да ги снижи цените на кириите, кои последните години растеа.

Имено, месечна станарина за еднособен стан во центарот на Рејкјавик изнесува околу 1.500 евра.