Најмногу ме радува што можеме да снимиме смешна сцена во Радовиш и после цела сала во Јута да се смее: Интервју со Георги Унковски, режисер
Унковски се надева дека филмот во следните месеци ќе ја има и својата македонска премиера
Две награди доби „Диџеј Ахмет“, дебитантски филм на режисерот Георги Унковски, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфор. Филмот ја доби наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија.
Унковски завршил фотографија на Институтот за технологија во Рочестер, САД, а потоа магистрирал режија на Универзитетот „ФАМУ“ во Прага, Чешка, во класата на нашиот Иво Трајков.
Радио МОФ се чу со Унковски додека е во САД, уште пред да стигне веста за двете добиени награди, за да раскаже повеќе за правењето на овој филм.