Најмладиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса


Најмладиот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џулијано Симеоне, прејде во редовите на Сарагоса како позајмен фудбалер, јавија денеска шпанските медиуми.

Џулијано Симеоне минатата сезона настапуваше за Б тимот на Атлетико Мадрид и во третата шпанска лига постигна 25 голови.

Сарагоса идната сезона ќе се натпреварува во Втората шпанска лига.

Највозрасниот син на Симеоне, Џовани, минатата сезона настапуваше за италијанскиот прволигаш Верона како позајмен од Каљари, а кон средината на овој месец потпиша перманентен договор со Верона до 2026 година.

Покрај Џулијано и Џовани, и третиот син на Симеоне, Џанлука, е фудбалер и настапува за шпанскиот четвртолигаш Ибица.