Корона-криза: Кајли Џенер ќе лансира средство за дезинфекција на раце


САД- Кајли Џенер ја проширува нејзината линија за нега на кожата со лансирање со средство за дезинфекција на рацете заради драстичен недостиг на производ во САД во услови на криза на коронавирус.

Според Page Six, 22-годишната најмлада милијардерка според Форбс, објави дека ќе произведува и дистрибуира средство за дезинфекција на рацете во болниците во Јужна Калифорнија. Мултинационална компанија за убавина Коти – која е мнозински сопственик во линијата за кожата и шминка на ѕвездата од реалните шоуа, објави дека секое прилагодено шише ќе содржи посебна порака за првите корисници. Претставникот на Коти, исто така, рече дека средството ќе биде направено во фабриките на Коти и нема да влијае на производството на други производите од линијата Kylie Skin.

Покрај производството на дезинфекција за раце, Кајли, исто така, донирала 1 милион американски долари за здравствените работници.

Деловниот потег на Кајли за создавање и продажба на хидро-алкохолен гел ги следи одлуките на другите најголеми компании за убавина и мода, вклучително и матичната компанија на Луј Витон, ЛВМХ. LVMH на 15 март најави дека ќе го префрли производството од парфеми за дезинфекција на раце и ќе ги доставува производите до француските здравствени власти бесплатно.