Најмалку три жртви во поплавите во Кентаки
Најмалку три лица загинаа во поплавите во источен Кентаки, соопшти денеска гувернерот Енди Бешер, наведувајќи дека бројот на жртвите може да биде двоцифрен.
Бешер претходно прогласи вонредна состојба и рече дека се очекуваат нови поплави.
Гувернерот информира дека две лица загинале во округот Пери и едно во округот Нот.
Една од жртвите во округот Пери е 81-годишна жена.