Најмалку шестмина загинати при напад врз католичка црква во Буркина Фасо


Најмалку шест лица загинаа во вооружен напад врз католичка црква во село Дабло, Буркина Фасо.

Католичката црква која се наоѓа во северниот дел на Буркина Фасо беше цел на напад на вооружени лица. Помеѓу загинатите е и свештеникот.

Напаѓачите отвориле оган врз верниците на почетокот на мисата.

„Во 9 часот наутро, за време на мисата, вооружени поединци влетале во католичката црква и почнале да пукаат додека луѓето се обидувале да побегнат“, изјави градоначалникот на Дабло за француските медиуми.

Тоа е прв напад врз католичка црква од почетокот на терористичките напади во земјата.