Најмалку осуммина загинати и повеќе од 90 поведени во денешниот напад во Кабул


Три лица се убиени, а повеќе од 90 се повредени, меѓу кои и десетици деца, во денешните судири во Кабул меѓу талибанците и владините сили.

Милитантите прво детонираа огромна автомобилска бомба за време на утринскиот метеж, а потоа упаднаа во владина зграда и отворија оган врз безбедносните сили.

Седумчасовната борба заврши со убивање на сите петмина бунтовници, соопштија официјални претставници.

Талибанците соопштија дека целта на нападот бил објект на Министерството за одбрана.

Иако е потврдено дека во експлозијата загинале три лица, официјални претставници предупредија дека бројот на жртви би можел да се зголеми. Меѓу повредените има околу 50 деца кои биле во две училишта во близина, соопшти Министерството за образование.

– Децата биле во училниците кога од експлозијата се искршиле сите стакла во училиштата, соопшти портпаролката Нориа Назхат.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека со нападот врз цивили, талибанците се виновни за злосторство против човештвото.

Талибанците во мај ја нападнаа кабулската канцеларија на американска група за помош при што загинаа најмалку пет лица, а 24 беа повредени.