Најмалку двајца загинати во превртен чамец со бегалци и мигранти во Егејското Mоре


Најмалку две лица загинаа, четворица се исчезнати, а 12 спасени, според првичните информации, откако се преврти чамец со бегалци и мигранти северно од островот Инусес, што се наоѓа меѓу грчкиот остров Хиос и турското крајбрежје, jави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите во Грција, во чамецот имало 18 лица, а во тек е спасувачка акција за пронаоѓање на исчезнатите бегалци и мигранти, во која учествуваат бродови на грчката крајбрежна служба, брод и авион на Фронтекс и хеликоптер на грчката воена морнарица.