Најмалку двајца загинаа во земјотресот во Мексико


 

Најмалку двајца загинаа во земјотресот со јачина од 7,4 степени што го погоди крајбрежјето на Мексико, пред 11 часот по локално време.

Според претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, едно лице загинало кога зграда паднала во градот Хуатулко близу епицентарот, а едно лице е повредено. Гувернерот на Оаксака, Алехандро Мурат подоцна соопшти дека уште еден човек загинал кога му паднала куќата во едно мало село.

Државната нафтена компанија соопшти дека поради земјотресот бил предизвикан пожар во рафинеријата, при што повреден е еден работник, но огнот бил брзо изгаснат.

Лопез Обрадор соопшти дека имало 140 афтершокови, но сите помали.

Алармот за земјотрес утрово се вклучил за да ги предупреди жителите во зградите. Некаде снема и струја.

Луѓето сведочат дека земјотресот бил многу силен, а речиси сите излегоа на улиците, вклучително и вработените во болниците, со маски на лаицето.