Најмалку деветмина загинати при руските напади врз Киев
Во руските напади врз главниот град на Украина, Киев загинаа девет луѓе, а 23 се повредени, соопшти Украинската служба за вонредно ситуации.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети.
Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко.