Најмалку 20 лица повредни во сообраќајќа на комбе, камион и автомобил кај Битола

Шест лица се со потешки повреди, но засега ниеден пациент не е задржан за болничко лекување


Местото на сообраќајната несреќа (Фото: А. Блажевска)
 
БИТОЛАВо тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – грчка граница попладнево се повредени 20 лица од кои шест потешко и се згрижени во Битолската болница. Сообраќајката се случила меѓу три возила и тоа во непосредна близина на бензинската пумпа „Лукоил“ на Краварски пат. Неофицијално од очевидици дознаваме дека во комбето се превезувале работници на фабриката „Кромберг и Шуберт“.
 
„До овој момент 20 лица побарале лекарска помош од попладневната сообраќајка кај Кравари.  Шест од нив се со потешки повреди, но засега ниеден пациент не е задржан за болничко лекување“, изјави за „Независен“ Билјана Гагачовска, директорка на Битолската клиничка болница. 
 

Според Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, сообраќајката се случила попладнево во 14, 40 часот кога на Краварски пат во близина на ‘Лукоил’ се судриле три возила – комбе, патичко возило и паркиран камион влекач. Се врши увид“, вели Стаматова. (А.Б.)