Најмалку 32 лица загинале од громови за еден ден во Северна Индија


Најмалку 32 лица вчера загинале од удари на громови во северната индиска држава Утар Прадеш, јави денеска локалната телевизија НДТВ додавајќи дека во невремето биле повредени уште 13 луѓе.

Според телевизијата, најмногу од жртвите биле регистрирани во областите на градовите Канпур и
Фатехпур, каде загинале по пет лица.

Владата на Утар Прадеш соопшти дека на семејствата на загинатите ќе им биде доделена помош.