Најмалку 23 деца загинаа во пожар во интернат во Либерија


Најмалку 23 деца загинаа во пожар во исламско училиште во Либерија, соопшти денеска полицијата.

„Децата го учеа Куранот кога избувнал пожарот“, се вели во соопштението на портпаролот на полицијата Мозес Картер. Тој додаде дека пожарот е предизвикан од проблеми со електрични инсталации и дека истрагата е во тек.

Две деца, кои преживеале, се пренесени во болница, рече Картер.

Пожарот избувна синоќа во предградие на главниот град Монровија, напиша претседателот на Либерија, Жорж Веа на својот профил на Твитер.