Најмалку 22 жртви во експлозија во Сомалија


Илустрација

Дваесет и две лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија на муниција на околу 120 километри јужно од Могадишу, соопштија денеска сомалиските власти.

– Се случи катастрофа, невини деца загинаа во експлозија предизвикана од минофрлачки гранати, соопштија локалните власти.

Други детали сè уште не се соопштени.