Најмалку 15 жртви во стампедо пред конзулат во Авганистан
Најмалку 15 лица загинаа во стампедо пред пакистанскиот конзулат во Џалалабад, каде околу 3.000 граѓани чекаа ред за виза, соопштија авганистанските власти.
Стампедото се случило вчера кога насобраните луѓе почнале да се туркаат едни со други.
Вкупно 11 од 15-те жртви се жени, а меѓу повредените има неколку постари граѓани, соопшти Сохраб Кадери.
– Барателите на виза се туркаа за да добијат жетон од официјалните претставници на конзулатот, метежот излезе од контрола и доведе до стампедо, рече еден официјален претставник.
Десетици илјади Авганистанци секоја година патуваат во Пакистан, претежно заради лекување, школување и работа.