Најмалку 15 загинати при судир на камион со возило во канадската провинција Манитоба


 Најмалку 15 лица загинаа синоќа кога камион се судрил со возило во кое се превезувале постари патници во близина на градот Карбери во централната канадска провинција Манитоба, соопшти полицијата.

„Потврдена е смртта на 15 лица“, изјави на прес-конференција полицискиот претставник Роб Хил, додавајќи дека „10 лица се пренесени во болница со различни повреди“.

Поголемиот дел од патниците во транспортното возило, во кое се превезувале околу 25 лица, биле постари, додаде Хил.